Радио Милева
ова мириса на лила?

Љубовта на Лила може да се добие на подарок, а може и… да се купи (ФОТО)

Љубовта на Лила може да се добие на подарок, а може и… да се купи (ФОТО)

Љубов… Тоа толку возвишено чувство без кое светот не може да живее, за кое се воделе војни, се губеле животи, чувство опеано во милиони песни, стихови, книги… Без љубовта светот би бил празен, луѓето бескрајно несреќни, животот неповратно бесмислен, а секој од нас отуѓен и изгубен…

И сите знаеме дека љубовта се случува, се појавува одненадеж, можеби се заслужува, се добива на дар, па дури и „се купува“… Љубовта ни е потребна сите нас и неа никогаш не знаете кога и од кого ќе ја добиете и во колкави количини. Очекувано од најблиските, најмилите, најсаканите, одненадеж од некого кого ќе го сретнете за прв пат, од некого кого долго време го меркате, од некој тотален анонимус или можеби од некоја само вам или на сите нам, позната личност?

А кога веќе сме кај на познатите личности, тие не се ништо поразлични во поглед на љубовта од  нас, „обичните“ луѓе. Никој од нив, па дури ни таа, познатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска.

Нејзината љубов со ТВ гледачите трае повеќе од две и пол децении, онаа кон најблиските од нејзиното и нивно раѓање, љубовите во нејзиниот приватен живот се само делумно познати, додека останатото е длабоко скриено во нејзината интима…

Но, она што е најново е дека нејзината љубов може  да се добие на подарок или подари, а може и да се купи… Да, за пари и тоа од скоро! Таа се добива во малечко пакување, но во голема доза… А потоа… Потоа секако го добивате еден од најубавите комплименти. Или дека сте вистинскиот човек или дека сте права дама… Во зависност од тоа што сте направиле? Дали сте ја купиле и подариле или добиле на подарок и ставиле на себе „љубовта од Лила“ или поточно нејзиниот нов парфем:  “LOVE by L❤️“!

Ако сте нејзин обожавател, фан, следбеник на социјалните мрежи… сега имате можност да бидете барем малку поблиску до вашата омилена ТВ водителка. Подарете и го нејзиниот парфем на вашата сакана и…  ќе ви мириса на Лила!

 

View this post on Instagram

 

Ништо не е поважно од парфемот. Тоа е автограм на една жена. Јас ви го претставувам мојот “LOVE by L❤️“ мешавина од миризливи етерични масла и природни ароматични соединенија преточени во уникатно кристално украсно шишенце. Овој парфем не содржи алкохол, компактен е и својата магична арома ја задржува многу подолго од обичниот парфем чија цитрусна нота во комбинација со бел цвет ќе ве издвои од толпата. Еден од најубавите комплименти е “Добро мирисаш” кој гарантирано ќе биде многу чест со користење на овој парфем ❤️ Инфо во DM ? ?

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Останати вести од Радио Милева