Радио Милева
порака меѓу редови

Љубовницата на Душко Тошиќ индиректно ја поткачи Карлеуша: „Моето момче е слободен човек!?“ (ФОТО)

Љубовницата на Душко Тошиќ индиректно ја поткачи Карлеуша: „Моето момче е слободен човек!?“ (ФОТО)

Љубовницата на Душко Тошиќ, модната креаторка Ана Јовановиќ индиректно и прати порака на сопругата на фудбалерот, велејќи дека нема потреба да се фали со лажен живот. Очигледно е дека дизајнерот на костими за капење не сака да биде втора и дека поради преголемото внимание на медиумите, не смее да се гледа со Тошиќ кога сака, па затоа реши да си поигра игра на социјалните мрежи. Бидејќи има повеќе од 200.000 следбеници на Инстаграм, таа им даде можност да ја прашаат што сакаат. Секако, повеќето беа заинтересирани за нејзиниот приватен живот и врската со Душко, па прво што ја прашаа беше како е да се биде нечија љубовница?

Сепак, тоа не ја погоди, а таа луцидно одговори дека нејзиното момче не е зафатено.

„Моето момче е слободен човек. За што зборуваш? – напиша Ана со смајли емотикони на фотографијата на која позира меѓу букет од 1001-на роза, што, според приказната на упатените, Душко и ги испратил за роденден, додека тој бил во Кина.

Најинтересното се случи кога Јовановиќ одговори на прашањето како се справува со приказните во медиумите дека е во врска со Душко Тошиќ и како покрај сето тоа успева да оди со крената глава?

„Главата секогаш ми е крената, бидејќи немам од што да се срамам. Јас сум некој што сака, кој се радува и ужива во секој нов ден. Која не води лажен живот, ниту има потреба некому да докажува колку е (не)среќна“ – напиша Ана. Оваа изјава крена прашина на социјалните мрежи, па многумина коментираа дека меѓу редови намерно ја поткачила сопругата на Душко, пејачката Јелена Карлеуша која упорно во јавноста вели дека има совршен брак и дека нејзината љубов кон фудбалерот е силна, а медиумите сакаат да го уништат нејзиниот хармоничен семеен живот.

На крајот, Ана додаде дека не сака да им објаснува на луѓето што се случува во нејзините четири sида.

„Оние кои ме следат подолго време знаат дека никогаш не сум била мета на таблоидите, не затоа што не можев, туку затоа што не сакав. Јас не сум некој што сака да му се правда некому, но во овој момент чувствувам дека сакам да дадам одговор на одредени прашања за повеќе да не шпекулираат и да конструираат приказни што не влијаат мене лично, но ги погодуваат најблиските до мене. Јас сум претставена како жена со лесен морал, склона кон афери со разни спортисти, што никогаш не сум била, а тоа го знаат сите што ме познаваат. Она што се случува во моите четири sида, не сакам да го споделам со никого“ – напиша Ана.

Фото: Инстаграм принтскрин/anajovanovic1

Останати вести од Радио Милева