Радио Милева

„Љубов моја единствена“: Тијана објави интимни фотографии со сопругот и на сите им покажа колку е голем во нејзиното срце (фото)

„Љубов моја единствена“: Тијана објави интимни фотографии со сопругот и на сите им покажа колку е голем во нејзиното срце (фото)
фото:инстаграм/тијанадапчевиќ

Во регионалните и домашните медиуми досега многупати се појавија шпекулации дека Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан се разведувааат. Сепак, пејачката неколкупати ги негираше ваквите приказни и докажа дека брачниот живот не и е на „стаклени нозе“, туку напротив,  како и во секој брак или врска, некогаш имаат караници кои успеваат да ги решат.

„Кога ќе се скараме, се обидоваме тоа да го решиме со мирен разговор и да не ги ставаме проблмеите под килим, затоа и го немаме дома, вели Тијана во една прилика.

Неодамна беа на семејно зминување со синот Вук, а Тијана се почесто на социјалните мрежи објавува заеднички фотографии со сопругот.

Овој пат, тоа го направи со повод, односно роденденот на нејзиниот сакан Милан. На нејзиниот профил сподели за своите следбеници и обожаватели роматични фото-моменти, такви од времето кога беа во врска, до оние поновите, а истите ги дополни со емотивна порака во која покажа колку нејзиниот сакан е голем во нејзиното срце.

-Љубов моја единствена, среќен и прекрасен ден, да си среќен, здрав, насмеан и спокоен уште два пати по толку. Те сакам –пишува Тијана во посветата за сопругот.

Инаку, Тијана и Милан во бракот го имаат синот синот Вук, а неодамна таа откри дека во 2019 или 2020 година посакува повторно да стане мајка.

фото:инсатграм/тијанадапчевиќ

Останати вести од Радио Милева