Радио Милева

Љуба Перучица откри зошто се скарал со неговата сопруга на денот на свадбата: „Морав да попуштам“

Љуба Перучица откри зошто се скарал со неговата сопруга на денот на свадбата: „Морав да попуштам“
фото: курир/марија дејановиќ

Пејачот Љубомир Перучица пред неколку дена заплива во брачните води и го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка, водителката Катарина Колозеус.

По нивната свадба започнаа да се шират многу шпекулации, па сега парот откри дали е точно дека се на свадбата.

„Не е баш кавга, само не се согласивме.Тој мораше да попушти, немаше друг избор“ вели Катарина.

„Да, немав избор. Јас сакав таа да го земе моето презиме, а таа сакаше да го задржи своето презиме и да го додаде моето, околу тоа не се согласивме“ објасни Перучица.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Не, јас имам многу добро презиме, никој го нема и ми беше жал да се ослободам од него. Сега сум и Колозеус и Перучица“ вели водителката.

Љуба и Катарина истакнаа дека едвај чекаат принова во нивното семејство и дека се надеваат дека наскоро ќе станат родители.

„Тоа би било прекрасно, ние сакаме и планираме“ вели Катарина.

 

Останати вести од Радио Милева