Радио Милева

Лина Пејовска „растури“ во регионални музичка шоуа, а сега ги прокоментира „Ѕвездите на Гранд“ и откри кој за неа е победник

Лина Пејовска „растури“ во регионални музичка шоуа, а сега ги прокоментира „Ѕвездите на Гранд“ и откри кој за неа е победник
фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

Во 2016 година на своја 14-та година, малечката и талентирана ѕвездичка од Македонија, Лина Пејовска, со својот специфичен глас и талент го освои жирито на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.

Оттогаш, музиката е секојдневие за Лина чиј пат кон популарноста и  музичката сцена одат само во нагорна линија.

Неодамна го освои и жирито во регионалното музичко шоу во Хрватска,  „Ѕвезди – летен хит“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PEJOVSKA LINA (@pejovskalina) on

Како секогаш и овој пат Лина повторно „растури“ на музичката сцена.

Неоспорни се талентите на македонското девојче, па така секогаш кога ќе го пушти својот глас знае да растури и да покаже како се пее.

фото принтскрин/инстаграм/линапејовска

Меѓутоа, можеби не се познати многу детали од нејзиниот приватен поточно љубовен живот.

Имено, Пејовска одговараше на прашања на „Инстаграм“, а едно од нив беше дали има  момче.

Пејачката даде краток одговор, па откри каков е нејзиниот љубовен статус.

„Најчесто поставувано прашање, немам дечко“ одговори Лина.

фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

Меѓу прашањата се најде и дали ја познава учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, Милица Чикариќ, а Пејовска одговори дека за неа  Милица е победник.

фото: Принтскрин/инстаграм/пејовскалина

За потсетување, кога излезе песната „Ране“ на Анастасија Ражнатовиќ, младата македонска пејачка направи кавер од истата, а Ражнатовиќ и поласка на македонското девојче.

Останати вести од Радио Милева