Радио Милева
покажа и колку вредна била Лила

Лила тргна да се слика во тигрести бикини во ЗОО кај тигарот, а заврши со лопата и количка кај слонот! (ВИДЕО)

Лила тргна да се слика во тигрести бикини во ЗОО кај тигарот, а заврши со лопата и количка кај слонот! (ВИДЕО)

Најпозната македонска ТВ водилека ама и инфлуенсерка  Лила Филиповска, покажа дека не е здадена само по гламурот и луксузот, туку покрај веќе докажаните професионални квалитети, нејзините гради не се само познати по вметнатите силикони, туку во нив  чука и големо срце.

Така, таа ја посети скопската ЗОО градина, но не како обичен посетител, туку како како општесвено корисен и хуман работник. Лила покажа дека било која работа не и страна ниту пак срамна, па се зафати со хранење и чистење на сметот и изметот на животните во скопската зоолошка.

Гребла смет и колички со измет и ѓубре Лила изнесе од кафезите на слоновите и жирафите.

Потоа ги хранеше и лемурите упатувајќи јавен повик до сите граѓани, со апел наместо да им носат несоодветна храна на животните која може да го загрози нивното здравје и живот, да се зафатат и да помогнат со акции за чистење на нивните кафези.

А, се’ започна откако ПР -службата на скопската зоолошка објави дека се револтирани од новопечените блогерки и инфлуенсерки на „Инстаграм“, кои често имаат невозможни барања – од тоа да се сликаат во тигрести купаќи покрај кафесот на тигарот, преку тоа да го јаваат еден од слоновите, па се до тоа  да се гушкаат со жирафите! Желби за капење со нилските коњи или играње жмурки со мајмуните се’ уште не посакале, ама нема ни тоа да не зачуди, ако еден ден го објават.

Нејсе, Лила откако ја прочита обзнаната на скопската ЗОО, па се најде прозвана и не можеше да додржи да не одговори, особено за втората потточка со тигарот и тигрестата „купаќа“.

„Утре доаѓам, и баш сакав да легнам покрај тигарот, ама немам тигреста купаќа, види смисли нешто“ – возврати Лила.

И им дојде… Не во тигрести бикини, туку во шорц, патики и долга бела ленена кошула. И не легна до тигарот да се фотографира и покрај тоа што има тигреста „купаќа“, туку се фати за работа да го исчисти изметот од кафезите. Очекувано,  најмногу се задржа кај слоновите… Голем им е габаритот. Многу јадат, па и многу… работа за чистење имаше Лила!

Како и да е, браво за вредната Лила… и таквите како неа!

 

View this post on Instagram

 

Колку само би бил убав светот кога луѓето би имале срце како животните ❤️❤️❤️ Еднодневно дружење со овие прекрасни суштества преточено во едно кратко видео. Енергија која придвижува и исполнува. Луѓето кои работат овде се прекрасни, смирени и секогаш расположени. Но секоја помош на нашата Зоо градина е добредојдена…Затоа дојдете, уживајте и колку можете помогнете. Доброто со добро се враќа ❤️❤️❤️ Благодарам за несебичната помош на @tina_micko ❤️ @vojoivanov ❤️ @monaco___gg 💪🏻 Maja, Jasmina….❤️❤️❤️ Video by @rolladobolla Post production @todeball

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on