Радио Милева
Убава на секој начин

Лила секогаш е дотерана и стокмена од глава до петици, но во вакво опуштено домашно издание, никогаш не сте ја виделе (фото)

Лила секогаш е дотерана и стокмена од глава до петици, но во вакво опуштено домашно издание, никогаш не сте ја виделе (фото)
фото:лила филиповска/инстаграм/принтскрин

Кога ќе се каже Лила, нема потреба да се дополнува со – која Лила? Таа е неприкосновена во својата работа, а неколку години наназад популарноста ја искористи и за инфлуенсерство во кое повторно е на врвот кај нас.

Без оглед на возраста или полот, луѓето едноставно ја обожаваат нејзината појава, харизма, талент…
Сме ја виделе во разни изданија и како да не постои такво во кое не била, но исклучоци секако има. Едно од тие е што ретко ја гледаме без шминка бидејќи секогаш е скоцкана од глава до пети и ништо не е оставено на случајност.

Кога сме кај изгледот и инфлуенсерството, Лила често препорачува, рекламира и употребува разни третмани и козметика за нега, подмладување, одржување на кожата.

 

View this post on Instagram

 

My favorite color is October 🧡🧡🧡 . #october #autumncolors #autumnvibes #sunday #life #lifestyle #loveislove

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Ефектот од тоа Лила реши да го покаже во едно свое „стори“ на Инстаграм каде е во домашно издание без шминка и фризура, одсносно разбушавена коса со каква не сме ја виделе.

фото:лила филиповска/инстаграм/принтскрин

Но, очигледни беа мазната кожа, изеданачен тен без брчки, а целта на објавата беше реклама на производ за избелување на забите, па веројатно во ваквиот ноншалантен изглед имаше намера да го истакне тоа. Секако, една објава не беше доволна, па сними уште една каде се скоцка како што секогаш знае и умее.

фото:лила филиповска/инстаграм/принтскрин

Веруваме дека резултатот по објавите е постигнат, па повеќето од следбениците на Лила ќе бараат дополнителен совет кога е белината на забите во прашање, но и негата за лице.

Останати вести од Радио Милева