Радио Милева
преубаво искуство

Лила на патувањето во Турција го „сретнала“ Романтичарот: „Беше на снимање и рече наскоро ќе дојде“

Лила на патувањето во Турција го „сретнала“ Романтичарот: „Беше на снимање и рече наскоро ќе дојде“
фото: јасна суша

Лила Филиповска неодамна по долго време беше на патување надвор од Македонија, односно во Турција.

Имено, водителката по неколку месеци откако започната короната одлучи да ги спакува куферите и малку да се опушти надвор од рутината и секојдневието.

Арно,  ама кога Лила се упати на аеродром и требаше да полета, поради силниот ветер, летот беше откажан. Па, така Филиповска се врати дома, а патувањето го остави за следниот ден.

Лила кога пристигна во Туриција веднаш ги извести своите следебници на социјалните мрежи.

фото: Јасна Суша

Но, и за време на неколку дневно патување во Кападокија, познатата Македонка речиси секојдневно објавуваше „Инстаграм сториња“ за познатите знаменитости од Кападокија.

фото: Јасна Суши

Откако Лила по неколку дена се врати од магичното патување и слегнаа впечатоците, на социјалните мрежи го сподели своето убаво искуство и на нејзините „виртуелни“ пријатели одговараше на прашања поврзани за патувањето.

Лила, исто така откри дека крстарела по Босфорот и го покажа делот каде се снимаат турските серии.

Некои од следбениците, ја праша водителката дали сретнала некој од турските актери кои често се шетаат во Таксим, а таа одговори:

„Романтичарот беше на снимање и рече наскоро ќе дојде“, напиша Лила.

фото: Принтскрин/инстаграм/

Дали водителката навистина го сретнала Романтичарот или пак само се пошегува не знаеме, но она што е сигурно или барем според фотографиите од социјалните мрежи, Филиповска се поминала преубаво и сигурно повторно би се вратила на ова туристичка атракција.

Инаку, Романтичарот е најпознатиот турски актер Џан Јаман кој се прослави со улогата во „Романтичарот“ која моментално игра и кај нас и важи за една од најгледаните турски серии.

Останати вести од Радио Милева