Радио Милева
три, два, еден...

Лила, Љупка Митрова и Ирена Спасовска – три убавици, два заеднички именители, еден избор: На која најдобро и легна? (ФОТО)

Лила, Љупка Митрова и Ирена Спасовска – три убавици, два заеднички именители, еден избор: На која најдобро и легна?  (ФОТО)

Лила Филиповска, Љупка Митрова, Ирена Спасовска… Три македонски убавици, секоја од нив убава на свој начин. И трите имаат еден заеднички именител. Имаат до душа повеќе: трите се познати македонски дами од јавниот, медиумско-естраден живот. Медиумски експонирани, а сепак секоја работи различна работа… На моменти, во одредени сегменти професиите им се допираат, па дури и преклопуваат. Како на пример инфлуенсертвото на социјалните мрежи на Лила и Љупка.

Трите обожуваат да се фотографираат, па да постираат фотографии. Заради личен мерак, за мерак на јавноста и секако, заради спонзорите ќии брендови ги рекламираат. Обожаваат да се фотографираат во послободни пози, стројни, бујни, подразголени, истакнувајќи го својот сексапил, кој предизвикува бура од возбуда, особено кај машката популација, па и мажите и жените со погледот залепен за нивните фотографии, со минути зурат во нив!

Љупка е модел, модна блогерка и една од најбараните женски инфлуенсери. Лила најдобрата ТВ водителка во Македонија и исто така една од најбараните инфлуенсерки. Патем се обиде и во естрадните води како пејачка… Но тоа беше некогаш оддамна, на почетокот од кариерата, каде бргу сфати дека покрај стас треба и глас!

Ирена Спасовска е само пејачка со супер глас и променлив стас, кој во последно време го доведе во многу подобра форма отколку на почетокот на кариерата. Фолк изведувачка која со децении успешно опстојува на естрадата, во квартет, дует, соло… секако!

Заедничкиот именител на трите? Всушност ги има два! Еден животен, еден, моден! Што се однесува до животниот, сите три се разведени! Која еднаш, која (неформално) два пати! И во моментов (формално) се слободни!

А, оној модниот? Сите три се подготвени за селфи со тигарот,  што би рекла ПР-от на скопската ЗОО! Шегата на страна, ама и Лила и Љупка и Ирена, облекоа ист костим за капење во различно време, на различно место. Тигрест! Од истиот бренд, на најпознатиот македонски производител!

Лила и Љупка како негови заштитни лица, а Ирена веројатно си го купила или добила на подарок. Сеедно, нивно беше да го облечат, а ваше да кажете, на која од трите тигрестиот костим за капење најдобро и  легна, прилега и стои… како сакате?

За вкусовите не се расправа, ама критериумот е единствен, па затоа самите одберете си ја вашата најсекси летна тигрица!

Останати вести од Радио Милева