Радио Милева

Лила јавно му се обрати на најважниот маж во нејзиниот живот: „Моја љубов, поддршка, мое сѐ“

Лила јавно му се обрати на најважниот маж во нејзиниот живот: „Моја љубов, поддршка, мое сѐ“
фото: инстаграм

Речиси да нема кој не ја знае македонската водителка Лила Филиповска.

Ако некој не ја следи на социјалните мрежи, тогаш сигурно ја гледа на телевизија во едно од најпопуларните телевизиски шоуа „Се или нешто“.

Водителката е активна на социјалните мрежи, па нејзините следбеници се информирани за нејзините активности, ангажмани…

Лила често  објавува фотографии од снимањата, патувања, како го поминува времето или па рекламира одредени производи и брендови.

По долгата и неочекувана пауза поради коронавирусот, водителката се врати во студио на снимање на новите епизоди на квизот кој веќе започнува со емитување.

фото: инстаграм

Меѓутоа, Лила деновиве имаше посебен повод за радување, можеби за неа и еден од најубавите – роденоденот на нејзиниот син Филип, денот кога таа го родила својот наследник.

Токму поради оваа причина, водителката на социјалните мрежи сподели фотографија со својот син, а во описот напиша емотивна порака.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“.

Под објавата се нижеа роденденски честитки за синот. Среќен роденден.

Останати вести од Радио Милева