Радио Милева

„Летно возење“ со Вучиќ на полна софра: Во чие друштво водителот мези морско на грчкиот вилает? (ФОТО)

„Летно возење“ со Вучиќ на полна софра: Во чие друштво водителот мези морско на грчкиот вилает?  (ФОТО)

Драган Вучиќ одмара на море. Грчкиот јазик го владее како мајчин, а и куќичката на море на Егејот му е онаа истата од Велигден, кога Вучко не береше многу гајле за килограмите.

Арно ама, сега е друго… Треба да се соблечеш на плажа, па водителот реши малку да припази на себе, па затоа велигденското јагне и раженот ги замени со здрава храна.

Пред тоа малку џогинг потење покрај брегот, а потоа овошје за појадок. Малку карпуз и пепун (диња и лубеница), малку течна варијанта во вид на смути и денот може да почне.

По топењето на жешкото сонце, ете го Вучиќ дома на ручек.

Бидејќи плажата му е „во двор“, а и на морската храна не и треба многу да се зготви, водителот за час имаше полна софра.

Шкампи, лигњи, октопод, ципура и салата… Мезе за мерак, кое без узо не оди. До душа и со диета не оди, ама меракот е голем, па „летното возење со Вучиќ“  личи баеги убаво и вкусно! Полна софра, а крај масата?

Само Вучиќ си знае во чие друштво мези и со кого софрата ја дели. Белким не е како во автобусот… Само тој сам?

 

Останати вести од Радио Милева