Радио Милева

Лепа Брена забрзано ќелави: Фолк дивата купила 7 различни перики за кои платила илјадници евра (ФОТО)

Лепа Брена забрзано ќелави: Фолк дивата купила 7 различни перики за кои платила илјадници евра (ФОТО)

Лепа Брена (59) повеќе не јасимнува периката од својата глава, та била на сцена или дома! Како што дознава Информер, фолк ѕвездата започнала забрзано да ја губи косата, па решила итно да преземе нешто.
Таа отишла кај познат мајстор за перики и му платила повеќе од 3.500 евра за седум перики.

„Брена мора да паузира со бојадисување и тапирање на косата бидејќи таа нагло  почна да и паѓа и на пејачката и се заканува опасност да оќелави. Затоа фризерот и препорача  некое време да носи перики, сè додека косата не и се опорави. Потоа Брена ги повика своите соработници и ги праша каде може да најде најквалитетни перики. Тие ја упатиле на еден мајстор  од театарот. Цената на неговите перики е околу прилично високла и изнесува 500 евра, но Брена не ги жалала парите! Тој мајстор има многу работа, но ја ставил Брена преку ред и  и’ направил  седум различни перики“ – вели изворот и додава дека Брена е воодушевена од нејзината „нова коса“:

„Нарачала перики најмногу заради јавните настапи, а откако виде колку природно и стојат, сега не ги соблекува дури и кога е дома! За неа е важно дека сè што е на неа да изгледа природно. Сега не мора да ја бојадисува  косата ниту да ја фенира“.

Брена не сака да зборува за своите перики, но истакнува дека е многу важно за неа каква фризура има на сцената.

„Русата коса е мојот заштитен знак. Косата и лицето најмногу страдаат кога сте јавна личност, затоа што постојано мора да имате шминка и фризура“ – вели фолк вездата.

Останати вести од Радио Милева