Радио Милева

Лепа Брена за темната страна на популарноста: „По киднапирањето на синот не се плашам од ништо“

Лепа Брена за темната страна на популарноста: „По киднапирањето на синот не се плашам од ништо“

Лепа Брена денес важи за една од најпопуларните пејачки, меѓутоа животот не ја галел.

„Славен си и сите те сакаат. На улица ќе те сретнат, ќе те молат за автограм. Во продавниците луѓето се љубезни, подготвени да ти исполнат секоја желба. Се возиш низ град и го гледаш твоето лице на плакати, го слушаш својот глас на радио, следиш настап на телевизија. Луѓето мислат дека си најбогат и најсреќен, а меѓу настапите патуваш на луксузни дестинации, спиеш во вили и хотели. Но каков е твојот вистински живот? Која е цената на твојата популарност. Дали се полни салите и клубовите со распеани и среќни луѓе, дали тоа само се први места на топ листите. Дали животот на естрада е вистинска кошмар или исполнување на сон“.

Лепа Брена проговори за овие прашања и го откри својот најголем страв.

Тој ден Брена уживала во својата слава, во своето семејство и во љубовта на сопругот Боба Живојиновиќ. Тој ден и пристигнала порака која и го заледила срцето.

„Господине и госпоѓо Живојиновиќ, вашиот син Стефан се наоѓа кај нас. Кон него ќе се однесуваме како луѓе додека вие сте коректни. Нема да му фали влакно од главата, вели во пораката.

„Ни се јавија дека Стефан може да го откупиме на два начина. Жив за 2,5 тогашни марки и мртов за 5 милиони. Ни рекоа дека во вториот случај, ќе ни праќат дел по дел од телото на Стефан“, вели фолк дивата.

Живојиновиќ не губиле време и веднаш собрале пари и го вратиле Стефан.

„Сите киднапирања се откриени. Само не е откриена на моето дете. После тоа не се плашам од ништо. Секако дека денес имам обезбедување, тоа се професионални луѓе кои не се гледаат, но знаат што треба да прават“ вели Брена.

Таа вели дека по овој немил настан ништо материјално не и значи.

По овој тежок период, Брена се соочи со смртта и на нејзиниот татко, а по неколку години и на нејзината мајка.