Радио Милева
неутешна поради загубата на пријателот

Лепа Брена за пријателството со Џеј Рамадановски: „Секогаш кога ќе го видев имав потреба да го гушнам“

Лепа Брена за пријателството со Џеј Рамадановски: „Секогаш кога ќе го видев имав потреба да го гушнам“
фото: принтскрин

Лепа Брена проговори за своето пријателство со пејачот Џеј Рамадановски.

Таа не може да се помири со фактот дека Џеј почина.

Брена за „Инфромер“ вели дека плаче секојпат кога ќе се сети на колега со кој се дружеше 33 години.

„Беше емотивно и мило сушество. Секогаш кога ќе го видев имав потреба да го гушнам и заштитим бидејќи знам низ што помина во раното детство, но и подоцна во нашата професија. Господе, плачам кога ќе се сетам  на него…“ вели Брена и објаснува зошто сите го сакале.

„Не знаеше да мрази. На животот гледаше од своја перспектива. Во неговите очи се гледаше колку се намачил, но и среќен што луѓето го сакаат. Ма, Џеј беше човек. Затоа го сакаа и колегите и публиката“.

фото: принтскрин

Фолк ѕвездата се потсети и на нивните заеднички турнеии и во страснтво.

„Никогаш не му се спиеше после настап, па така седевме во хотелска соба и пеевме“, вели Брена и додава дека нејзиниот пријател никако не можел да се ослободи од пороците.

„Џеј беше свесен за своите добри и лоши особини. Знаеше дека не може да се откаже од пороците. Поради тоа ми беше жал. Си замина, а ние секогаш ќе го цениме, сакаме и почитуваме. Ќе живее низ своите песни“, вели пејачката.

фото: принтскрин

Брена и Џеј се запознале во 1987 година на снимањето на „Хајде да се волимо“.

„Џеј дојде на аудиција, а мојот тогашен менаџер беше воодушевен со неговата разиграност и чиста душа. Одлучи да го земе во филмот и отогаш сме добри пријатели. Таа негова непоквареност е ретка во нашата професија“, заклучи Лепа Брена.

Потсетуваме, Џеј почина во сон на 6 декември.

Останати вести од Радио Милева