Радио Милева

Лепа Брена за „Евровизија“: „Се промовира сексуалната припадност, а не музиката“ (видео)

Лепа Брена за „Евровизија“: „Се промовира сексуалната припадност, а не музиката“ (видео)
фото: Принтскрин/јутуб

Се уште главна тема во медиумите е „Евровизија“ и евровизиските претставници.

Многумина јавни личности покажаа дека го следат ова европско случување, а дел од нив навиваа за Македонија.

Меѓутоа, српската фолк дива Лепа Брена исто така го даде својот суд за овагодинешното издание на Евросонг.

фото: Принтскрин/јутуб

„Јас гледав Евровизија и со оглед на тоа што јас сум дете кое растеше со сите Евровизии од 1963….се тоа што се случуваше беше врзано со музиката. Јас лично мислам дека оваа Евровизија ја промени музиката. Многу повеќе се промовира секусалната припадност од музиката“ вели пејачката за „Вечерњи“ и додава:

„Мислам дека толку не не интеренсира секусалната припадност, а суштината на Евровизија треба да биде промовирање на музиката. Ако споредиме со претходните времиња, мислам дека оваа е музика на генарција која воопшто не ја разбирам“ вели Лепа Брена.