Радио Милева

Лепа Брена воодушевена од новата снаа – Пејачката првпат проговори за девојката на помалиот син Виктор

Лепа Брена воодушевена од новата снаа – Пејачката првпат проговори за девојката на помалиот син Виктор
фото: Инстаграм/виктор живојиновиќ

Помалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ е во врска со Сандра Миљковиќ која студира српска книжевност, а се занимава и со шминкање.

Српските медиуми пишуваат дека нивната врска е сериозна и дека наводно Сандра се вселила во семејниот дом на Живојиновиќ.

Исто така медиумите пишуваа дека наводно Виктор палнира наскоро да се жени и дека е сигурен дека Сандра е вистинската.

Брена првпат проговори на оваа тема и новата партнерка на Виктор.

фото: е сток

„И Виктор како и Стефан може да го почувствуваат заедничкиот живот, и тоа кога еден за друг се грижат 365 дена во годината. Ни Филип не брзаше за женидба, па не треба ни тие да брзаат. Постојат многу работи кои треба да ги завршат пред да се оженат затоа што одлуката за создавање на семејство е многу сериозна. Мора да бидете посветени на детето и тоа мора квалитетно да се воспитува. Ако трчате по кариера, еден ден ќе сфатите дека имате богатство, моќ, но сте промашиле во приватниот живот. Најлесно е да направите дете, но тоа е живо сушество на кое му е потребна посветеност. И Боба и јас ги советуваме, па ќе видиме дали ќе не послушаат“ вели фолк пејачката.

Таа вели дека добро се согласува со новата снаа и дека е задоволна со изборот.

фото: Инстаграм

„Сандра е прекрасна девојка и многу ми е мило кога ќе видам синовите како се согласуваат со своите партнерки. Секогаш ги учев дека девојките треба да ги сакаат и почитуваат, а гледам дека тој труд даде плод. Потребно  е луѓето да се пронајдат, а Виктор и Сандра уживаат во врската. Покрај тоа открив дека Сандра одлично шминка. Во текот на изолацијата ме шминкаше мене и неколку наши пријателки, бевме воодушевени. Сакам да и пружам поддршка бидејќи светот останува на младите“.

Пејачката вели дека изолацијата придонела да се одмори од тешката шминка и обврските секогаш да изгледа совршено.

„Ние пораснавме во социјална држава во која имаше само фризерски салони. Научив  дома да се шминкам, да ја негувам кожата, да ги средувам ноктите. Сепак, едвај чекав да се отворат салоните за да тоа го направат професионалци. Точно е, малку се одморив од фенирање и шминкање. Се сеќавам кога мојата мајка одеше на фризер, тоа беше одмор и релаксација, а мене тоа ми беше обврска. И со таа обврска си ја сакам професијата и работата“ додава Лепа Брена.

Останати вести од Радио Милева