Радио Милева
како да не е јавна личност

Лепа Брена уловена без шминка и фризура како купува на пазар (видео)

Лепа Брена уловена без шминка и фризура како купува на пазар (видео)
фото: Принтскрин/јутуб

Српската ѕвезда Лепа Брена, како и сите нејзини колеги од естрадата не настапува поради коронавирусот.

Така таа го искористи слободното време да се посвети на своето семејство и да ужива на егозтични патувања надвор од Србија.

Брена неколку пати и сврати до Белград, односно кога го прослави својот роденден и за време на празниците.

Изминатиот период додека беше во својот дом на Бежаниска коса, екипата на „Папрацо лов“ ја следеше фолк дивата.

Имено, таа беше уловена како несредена, без шминка и фризура пазарува на пазар.

фото: Принтскрин/јутуб

Пејачката прво го посетила делот за млечни производи, па купила јужно овошје, евтини шминки, но и цвеќиња во разни бои.

фото: Принтскрин/јутуб

Ретко може да ја видиме во вакво издание, а пејачката во една прилика истакна дека во својот дом имаат автомобили за секоја прилика, па и за на пазар.

Како изгледа Брена додека пазарува погледнете во видеото подолу.

Останати вести од Радио Милева