Радио Милева
потенцијална жртва

Лепа Брена пред две децении се спасила од канџите на Мика Алексиќ?

Лепа Брена пред две децении се спасила од канџите на Мика Алексиќ?
фото: принтскрин/инстаграм/лепа брена

Како што дознава српски „Скандал“ и Лепа Брена можела пред повеќе од две децении да се најде очи во очи со Мика Алексиќ, и таа, како што наведуваат изворите, да стане негова потенцијална жртва.

Имено, во 1987 година, Мика го режисираше филмот „Погрешне процене“, па некој од екипата имал идеја да ја ангажира Лепа Брена  бидејќи и таа била студентка која дошла да студира во Белград.

„Таа далечна 1987 година Мика собра прекрасна актерска екипа и се подготвуваше да почне со снимањето на филмот „Погрешне процене“. Тематиката ги следела студентите и нивната проблематика низ политиката на Јосип Броз Тити, а проектот е спроведен во дело со помош на РТ Белград. Воглавно, некој од соработниците на Мика во тоа време се сети дека Брена би можела да се појави во филмот и како голема ѕвезда во тоа време да допринесе низ маркетингот и подоцна гледаноста. Мика тогаш беше на почетокот на својот ангажман во уметничките води и навистина му беше потребен некој од калибарот на Лепа Брена за да се пробие и да оствари неверојатни резултати“ – објаснува изворот и додава:

фото: принтскрин/инстаграм/лепа брена

„Брена беше вистински погодок бидејќи беше мултимедијална личност, но нешто се случи и никој не и понуди соработка. Всушност, и да дојдеше до соработка таа немаше да помине добро бидејќи сите актерки кои се најдоа во политички филмови подоцна наидуваа на потешкотии во кариерата. Во секој случај, некој од соработниците на Брена имаше доволно сетило за да ја одбие таа соработка.  Всушност, никој не и понуди соработка, ниту пак Мика беше запознаен со тоа. Тоа беше идеја која дојде до нејзините соработници кои веднаш ја одбија. Е сега, дали Брена би имала проблеми какви што сега ги изнесуваат младите актерки кои тврдат дека Мика наводно ги нападнал, не се знае. Но, секако е добро што не се впуштила во тој проект и тоа од повеќе осново“ – завршува изворот.

фото: притскрин

Потсетуваме, пред неколку недели регионот го потресе скандалот кој изби во Србија, откако неколку девојки, меѓу кои и малолетнички, пријавиле дека биле силувани или сексуално малтретирани од Мирослав Мика Алексиќ – режисер и сопственик на угледно училиште за глума во Белград.

Останати вести од Радио Милева