Радио Милева
враќање на големото платно

Лепа Брена по 30 години повторно на филм: Заедно со неа и Андрија Милошевиќ, Милош Биковиќ и Бајага во „Синиот сафир“ (ФОТО)

Лепа Брена по 30 години повторно на филм: Заедно со неа и Андрија Милошевиќ, Милош Биковиќ и Бајага во „Синиот сафир“ (ФОТО)

Лепа Брена ќе глуми во филмот „Синиот сафир“ заедно со Андрија Милошевиќ и Милош Биковиќ, пишува српски Информер! На фолк sвездата ова ќе и биде прва улога на филм по пауза од цели 30 години, откако таа играше во „Ајде да се сакаме 3“ во 1990 година.

Андрија Милошевиќ го игра пејачот Сафир во оваа комедија, додека Милош Биковиќ е неговиот менаџер Бојан, а Брена ќе се игра самата себе си!

Андрија игра фолкер кому менаџерот и Брена му помагаат за заживување на пропадната музичка кариера!

„Не можам да ги откријам деталите за сценариото, но ќе ви кажам дека една од последните сцени во филмот ќе биде неговиот голем кам-бек концерт во полна белградска арена, каде ќе пее со Брена!“ – вели изворот од екипата.

Тој додава дека Андрија и Брена се всушност одлични пријатели и во приватниот живот.

„Освен што се пријатели со години, Андрија и Брена исто така неколку пати соработувале. Во 2018 година, тој беше нејзин гостин на концерт во белградска „Арена“ каде го играше нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ на сцената заедно со Анѓелка Прпиќ, која ја играше Брена. Многумина не знаат дека една година подоцна, Брена го позајми својот глас на неговата мајка Милева во филмот на Андрија „Такси блуз“ – вели нашиот извор.

Андрија ќе се испроба во овој филм и како режисер! Покрај него, режисер е и Марко Јоциќ. Филмот доби финансиска поддршка од Филмскиот центар на Србија во износ од 22,5 милиони динари.
Со оглед на тоа дека филмот е наречен „Син сафир“,  исто како и големиот хит на Бајага, постои можност една од улогите да добие и славниот рокер!

„Бајага е одличен човек и одличен музичар. Тој има многу хитови и луѓето многу го сакаат. Ќе ми беше многу драго ако и тој се појави во филмот“ – вели еден од режисерите, Марко Јоциќ.

Останати вести од Радио Милева