Радио Милева
ја надвладејаа емоциите...

Лепа Брена пееше од изолација, па среде песна заплака и мораше да го прекине снимањето… и така неколку пати! (ВИДЕО)

Лепа Брена пееше од изолација, па среде песна заплака и мораше да го прекине снимањето… и така неколку пати! (ВИДЕО)

Лепа Брена како и многу пејач(к)и дојде до идеја да запее од изолација, и со тоа да се обиде да ја залечи тагата што над сите нас се надвисна. И покрај целото свое искоство, кога се обиде да ги внесе своите емоции во песната во ова тешко време, самата призна дека воопшто не е лесно, а тоа се покажа и на дело.

Имено, пејачката досега морала среде песна да го прекине снимањето на неколку пати, откако со грутка во грлото во солзи станала од пред микрофонот и камерата и заминала, па дури кога усевала да се смири, се враќала да продолжи со песната и снимањето.

„За мене, песната е форма на психотерапија, лек за душата и ова е нешто што мислам дека на сите ни треба во овие моменти. Потребен ни е здрав разум, добра концентрација, да разговараме со пријателите, стручни совети и голема поддршка за да издржиме. Коронавирусот зема експанзија со голема прогресија, уништувајќи ги животите на луѓето, со што ја уништува економијата, луѓето и нивниот опстанок. Затоа, сите треба да бидеме побожни, да си помагаме едни на други и да го дадеме својот мал придонес, онака, кој како што знае и умее. Така ние наидовме на идеја да снимаме песни онлајн кои ги свириме на концерт. Сега имаме доволно време да го сториме тоа. Сакавме да направиме нешто што го сака нашата публика, а исто така и ние. Ова е сосема различен живот што го водиме во моментов. Различни итуации, во кои луѓето наоѓаат начини како да се справат со нив, па затоа почнавме да снимаме една по една песна. Направивме неколку, и сакавме да видиме како луѓето ќе реагираат. Ќе снимаме песни додека изолацијата не заврши“ – пишува Брена.

 

Останати вести од Радио Милева