Радио Милева

Лепа Брена откри каква трудница е Александра Пријовиќ

Лепа Брена откри каква трудница е Александра Пријовиќ

Пејачката Лепа Брена со нетпрение го очекува раѓањето на своето прво внуче.

Имено, нејзиниот посинок Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ во март ќе станат родители на својот син кој ќе се вика Александар.

Лепа Брена сега откри каква трудница е Пријовиќ.

„Александра има многу барања, но сите сме сложни околу неа, затоа што сакаме да и угодуваме. Многу е гладна и изгледа дека бебето ќе биде многу силно штом може толку да јаде“, вели Брена.

Таа истакна дека не и е потребен курс за баба.

„Не мора да одам на курс за баба бидејќи имам внучиња од моја братучетка, а и имам свои деца“ вели пејачката.