Радио Милева

Лепа Брена направи драстична промена, па фановите веднаш ја споредија со светската ѕвезда (фото)

Лепа Брена направи драстична промена, па фановите веднаш ја споредија со светската ѕвезда (фото)
фото: Инстаграм

Една од најголемите регионални музички ѕвезди Лепа Брена од почетокот на својата кариера е препознатлива по своите чести трансформаци и  експериментирања со својот изглед.

Па така, често знае да се појави во разни модни комбинации и разни фризури, но со најновата трансформација пејачката се надмина себе си.

Имено, наместо руса коса Брена сега има долга црна коса. Меѓутоа, станува збор за перика, а со овој изглед фолк дивата ги изненади фановите.

На „Инстаграм“ таа објави фотографија, а во описот напиша:

„Во пресрет на промените“.

фото: принтскрин/инстаграм

Некои од нив коментираа дека одлично и стои ваквата коса, но повеќето од следбениците ја споредија со Шер.

„Преубава, многу личите на Шер“, „Сега изгледате како Шер“, „Иста како Шер“, се само некои од коментирате.

 

Останати вести од Радио Милева