Радио Милева

Лепа Брена му одржала лекција на помалиот син Виктор: „Не смееш да ја изгубиш Сандра поради некои старлети“

Лепа Брена му одржала лекција на помалиот син Виктор: „Не смееш да ја изгубиш Сандра поради некои старлети“
фото: стар/сањаарсиќ

Лепа Брена е воодушевена од новата девојка на помалиот син, па токму поради тоа му одржала лекција на Виктор потенцирајќи дека не смее да ја изгуби врската поради некои старлети.

„Сандра и се допадна на Брена затоа што е зрела за своите години, вредна и амбициозна, а посебно и се допаѓа што позитивно влијае на Виктор. Тие по доаѓањето во Монако имаа еден мал проблем, па Виктор се налути на девојката, но се вмешаа Брена и Боба“, вели извор за „Стар“.

„Сандра му забележа на Виктор неколку пораки кои ги доби на „Инстграм“ од една старлета. Таа му потенцираше дека не сака да види такви пораки и да се постави како зафатен маж бидејќи нема да дозволи такви пропусти. Брена не се мешаше додека тие се расправаа, но потоа заедно со Боба седнаа и му одржаа лекција на Виктор“, вели изворот за „Стар“ и додава:

фото: стар/сањаарсиќ

„Брена му кажа дека Сандра е прекрасна девојка, дека ќе биде добра сопруга и мајка и дека многу тешко дека ќе пронајде некоја таква. Брена му кажа: „Мораш да бидеш сериозен и да сфатиш каква девојка имаш покрај себе. Зарем сакаш да ја изгубиш девојката поради некои старлети кои покрај тебе сакаат да добијат маркетинг? Направи разлика меѓу „лесни“ девојки и оние кои навистина те сакаат поради тоа кој си. На Сандра не е и важно што си мој син и тоа го докажа“, раскажува изворот.

фото: Инстаграм

Наводно, Виктор објаснил дека тој не е виновен што му пристигнуваат такви пораки, дека ја сака Сандра и нема потреба да се расправаат околу тоа, пишува Стар.