Радио Милева

Лепа Брена ја прокоментира порно аферата на Јелена Карлеуша

Лепа Брена ја прокоментира порно аферата на Јелена Карлеуша
foto:Kurir.rs/Telegraf

Лепа Брена вчера се врати од едно месечен одмор, а пејачката истакна дека не ги следела случувањата во Србија.

Меѓутоа,таа знае за порно аферата на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.

„На Јелена секогаш ќе и бидам поддршка, без оглед на тоа што се случува. Не само на Јелена, туку на секоја жена. Јас сум повеќе на женската страна. Без оглед на тоа што правиме, не треба да ни се сече глава. Никој не сме убиле, ниту таа убила некој. Така да, што и да се случува,ние сме тука за неа“ вели Брена.

За потсетување, по големиот скандал Јелена замина во Кина кај Душко каде го прослави неговиот роденден.

Потоа, се врати во Србија, но не сакаше да дава изјави за новинарите, а по неколку снимања на „Ѕвездите на Гранд“ замина во Дубаи.

 

Foto: Damir Dervišagić, Marina Lopičić