Радио Милева

Лепа Брена и Саша Поповиќ во солзи: Почина тапанарот од „Слатки грех“

Лепа Брена и Саша Поповиќ во солзи: Почина тапанарот од „Слатки грех“
фото: е-сток/ц.вукојичиќ/принтскрин/прватв

Бранислав Мијатовиќ Мија, познатиот музичар и еден од основачите на „Слатки грех“, почина по тешко и долго боледување.

По распаѓањето на „Слатки грех“, Мија заедно со својот кум Зоран продоложи да работи со бендот кој иако имаше различен состав не го промени името и остана „Слатки грех“.

фото: Принтскрин/гранд

Лепа Брена и Саша Поповиќ се простија од нивниот колега и пријател.

Саша истакна дека Мија бил одличен музичар и голем човек.

„Мија во „Слатки грех“ дојде во 1977 година и настапувавме заедно до 1993 година. Многу работи заедно доживеавме, поминавме,  направивме…Тешки ми е да зборувам за него во минато време, се сеќавам дека вака се чувствував кога не напушти и Бора. Мија беше одличен музичар и прекрасен човек, ова е голем губиток за неговото семејство, за сите кои го сакавме и почитувавме“ вели Поповиќ за курир.рс

фото: Принтскрин/прва/тв

И Лепа Брена се прости од својот колега.

„Последен поздрав на мојот драг Мија, човекот кој со својата енергија, љубов кон музиката даде придонес за наш заеднички успех во музиката, а со својата добра енергија помогна сите да уживаме во заедничка соработка. Почивај во мир драги Мијо и се надевам дека сега си на подобро место каде владее љубов и хармонија. Последен поздрав, Брена.

фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева