Радио Милева

Лепа Брена и Саша Поповиќ пак ја „спукаа“: Тој ја навреди, а таа раскажа за неговото минато (ФОТО)

Лепа Брена и Саша Поповиќ пак ја „спукаа“: Тој ја навреди, а таа раскажа за неговото минато (ФОТО)

Неодамнешната изјава на директорот на “Гранд” Саша Поповиќ предизвика вистинска бура од негодувања и емоции кога тврдеше дека токму тој Лепа Брена ја извлекол од мизерија. Поповиќ тогаш изјави дека пред да стане  пејачка на групата „Слатки грех“, Брена пеела  за “сто динари”, возела распаднат автомобил и дошла во Белград со куфер врзан со јаже преку половина.

Сепак и  Брена има своја верзија на вистината, па открива дека во тоа време татко и едвај и дозволил да стане пејачка на “Слатки грех”, зашто Саша Поповиќ му делувал тотално несериозно, и оддавал впечаток на шалабајзер, наместо на сериозен фронтмен на една група.

„Во тоа време веќе шест месеци студирав, а потоа Саша дојде да ме замоли да бидам дел од групата. Кога татко ми го виде, Саша имаше 45 килограми „сосе кревет“, околу  вратот една вратоврска искривена како палачинка и излижан евтин костум на себе.

Татко ми не го сфати сериозно. Му беше глупаво да ме пушти да да пејам со таков бенд, не им веруваше па едвај ми дозволи да одам и да работам со Поповиќ и “Слатки грех”. Тоа беше поради тоа што саша не му остави сериозен впечаток, а јас бев среќна што не го избрка надвор од куќата“ – се сеќава Брена на таа прва средба на нејзиното семејство со денешниот директор на “Гранд”, кој тогаш беше лидер на групата “Слатки грех” .