Радио Милева
милионери...

Лепа Брена и Саша Поповиќ го продадоа „Гранд“ за баснословни пари (ФОТО)

Лепа Брена и Саша Поповиќ го продадоа „Гранд“ за баснословни пари (ФОТО)

Саша Поповиќ и Лепа Брена, заедно со сопругот на Брена, Слободан Боба Живојиновиќ, го продадоа остатокот од 49 проценти од Гранд продукција на Јунајтед Медиа, кој веќе купи 51% од акциите во 2014 година, открива српски „Курир“.

Двајцата заработиле вкупно уште 15 милиони евра, иста сума што ја заработиле и пред пет години, при првата продажба на акциите!

Целата  трансакција ќе биде завршена до крајот на оваа година, што значи дека имињата на основачите и сосопствениците на „Гранд“ ќе бидат избришани од 2020 година во Агенцијата за деловни регистри.

 

Саша Поповиќ и Лепа Брена з аедно со Боба Живојиновиќ за некој ден веќе нема да имаат ниту процент на сопственост во „Гранд продукција“. Но, Саша ќе продолжи да ги прави постојните емисии, само како креативен автор, продуцент, за плата. „Јунајтед медиа“ конечно ќе ја преземат целата структура на сопственост. Со продажбата на овој удел од останатите 49 проценти,  основачите на Гранд ќе заработат вкупно дури 30 милиони евра на нивните сметки. Од нив, половина биле платени пред пет години.

 

Значи, со едноставни пресметки, заклучено е дека Поповиќ и Брена овој пат ќе добијат 15 милиони евра за продажба на остатокот од Гранд. Уделот на Саша во сопственичката структура беше 24 проценти, и затоа би вредел 7.350.000 евра, додека пејачката поседува 25 проценти и таа ќе биде побогата за 7.650.000.

Јован Лукиќ, ПР директор во „Јунајтед Медиа“ не ги негирал овие информации, а одговорот од прес службата на Гранд бил: „Ние не даваме изјави за медиумите за деловната политика, како и за деловните планови на челниците на Гранд продукција“.

Останати вести од Радио Милева