Радио Милева

Лепа Брена и Боба го продадоа „Гранд“ и сега се селат од Србија

Лепа Брена и Боба го продадоа „Гранд“ и сега се селат од Србија

Српската фолк дива Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ неодамнаа го продадоа „Гранд“, а сега српските медиуми тврдат дека парот планира да се пресели во Мајами каде што имаат огромна куќа.

Имено, во последниот период се шпекулира дека Брена и Боба ја продаваат својата огромна куќа на Бежаниска коса. Како причина која се наведува за нивно заминување е тоа што нејзините синови веќе се возрасни и самостојни.

Имено, Филип претходната година се омажи со Александра Пријовиќ и веќе заедно живеат во огромна куќа во близина на домот на Лепа Брена. Од друга страна и Стефан Живојиновиќ веќе не живее со неговите родители односно живее сам во стан, а како што пишуваат медиумите и Виктор наскоро планира да си замине од вилата.

фото: свет

„Брена и Боба сакаат остатокот од животот да го поминат уживајќи бидејќи со години вредно работеа и немаа сериозен одмор. Брена ќе продолжи да пее и да одржува контакт со публиката. Токму поради тоа ќе живее на релација Белград – Мајами, а Боба преку мејлови ќе ги завршува рабоните обврски, а по потреба ќе доаѓа во Белград. Тие многу разговараа пред да ја донесат одлуката, а бидејќи станува збор за голем чекор ќе почекаат до следната година. Нивните деца се согласуваат со нивната одлука бидејќи и тие самите сакаат да одат на Флорида“ вели извор близок на семејството Живојиновиќ.

фото: Инстаграм

Инаку, Брена и Боба својата куќа на Флорида ја чувствуваат како свој втор дом. Боба на почетокот од кариерата поминуваше многу време во Америка, а Брена таму ги роди Стефан и Виктор.

„Не се откажав од преселувањето на Флорида. Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро, единствено нешто што ме држи овде е фактот дека моите деца се самостојни и имам повеќе време да се посветам на кариерата, а тоа и го правам“  изјави Брена.

фото: принтскрин

За потсетување, семејството Живојиновиќ често знае да ги спакува куферите и да замине во Америка каде што ужива далеку од очите на јавноста.

Останати вести од Радио Милева