Радио Милева
многу е ситна

Лепа Брена детално ја опиша средба со Мадона и откри како изгледа во живо

Лепа Брена детално ја опиша средба со Мадона и откри како изгледа во живо
фото: П.Димитријевиќ/рас србија

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ откако зафати коронавирусот постојано се на патување и најголемиот дел од времето го поминуваат надвор од Србија.

„Боба и јас сме светски патници и нас никогаш не не држи место. Сакаме да патуваме, но не сакаме премногу да остануваме. Ние двајца каде и да одиме по некое време едвај чекаме да ја смениме средината. Често сме во акција, и поради работата, а и приватно, па знаеме да споиме убаво и корисно“, вели пејачката за ало.рс

фото: инстаграм/лепа брена

Неодамна се пишуваше дека Мадона и е сосетка на Брена во Монте Карло, а сега пејачката откри повеќе детали.

„Ја сретнав во лифт. Таа е слатка, меѓутоа многу е поситна отколку што ја замислував. Целата е со мускули. Од друга страна, убаво е кога ќе сретнете некој кој својот живот го посвети на професионализам и на своите деца. Го чувствувате тоа задоволство кога ќе видите некој дека станал толку рано да го испие своето кафе, па после тоа да оди на тренинг и утринско трчање“, вели Брена.

фото: инстаграм

Инаку, неодамна Мадона купила стан во Монте Карло спорти зградата во која стан има и Лепа Брена.

Останати вести од Радио Милева