Радио Милева

„Леле, исти сте“: Лина Пејовска покажа од кого ја наследила својата убавина (фото)

„Леле, исти сте“: Лина Пејовска покажа од кого ја наследила својата убавина (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

Во 2016 година на своја 14-та година, малечката и талентирана ѕвездичка од Македонија, Лина Пејовска, со својот специфичен глас и талент го освои жирито на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.

Оттогаш, музичката е секојдневие за Лина чиј пат кон популарноста и  музичката сцена одат само во нагорна линија. Тоа го докажа и со нејзиниот сингл „Ако ме сакаш“, а освен тоа што е една од навртените песни на радиостаниците, истата, но српска верзија, стана хит на интернет каналот Јутјуб и има гледаност повеќе од еден милион.

Потоа настапуваше на „Макфест“, а издаде и уште неколку песни кои поминаа успешно.  Оваа година таа учествуваше и во едно хрваско шоу каде што ги освои сите симпатии.

 

View this post on Instagram

 

Никогаш во животот не би помислила дека еден ден сцената ќе ја делам со еден од најдобрите и највпечатливите вокали на Балканот. Ова е доказ дека ако не се откажуваш од целта што си ја замислил и ако даваш се од себе, ќе ти се врати дупло и ќе им докажеш на сите што не ве верувале во тебе! Една од моите најубави песни.. “I don’t want to talk about it” ја испеав со @petargrasoofficial , а од сега достапна и на мојот YouTube канал. Се гледаме наредна сабота во супер финале! Уште многу многу изненадувања ве очекуваат❤️ Link in bio😁 #petargraso #linapejovska #idontwannatalkaboutit #zvijezdeljetnihit #top5

A post shared by PEJOVSKA LINA (@pejovskalina) on

Пејовска често е активина на социјалните мрежи, па не се штеди да ги сподели своите активности со нејзините следбеници.

фото: принтскрин/инстаграм/линапејовска

Овојпат, Пејовска не сподели фотографија од себе, туку од член на нејзиното семејство, а воедно и можеби нејзина најголема поддршка.

фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

Имено, лина покажа како изгледа нејзината мајка Тереза Пејовска.

фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

Нејзините следбеници не се штедеа да ја опсипат со позитивни коментаир. „Леле, исти сте“, „Убава мајка“ се само некои од коментарите.

 

Останати вести од Радио Милева