Радио Милева
нови неволји за пејачот...

Лекар од Клиничко-болничкиот центар во Земун тврди: Дарко Лазиќ во моментов преживува апстинентна криза на алкохол и дроги

Лекар од Клиничко-болничкиот центар во Земун тврди: Дарко Лазиќ во моментов преживува апстинентна криза на алкохол и дроги

Дарко Лазиќ во моментов има апстинентна криза поради алкохолот и дрогата. Тој им признал на лекарите дека употребувал дрога, и сега кризира и бара да му донесат нешто – им рекол лекарот на насобраните медиуми.

Не се работеше за хируршки зафат, туку му беше извадена 1.5 л крв од белите дробови, поточно од левото белодробно крило, каде што беше повреден“ – изјавил докторот, а потоа открил непознат детал за темната состојба и опојните дроги.

„Дарко има апстинентна криза поради алкохолот и дрогата… Им призна на лекарите дека користел наркотици“ – додал тој.

Што е криза заради апстиненција?

Кризата заради апстиненција е синоним за психички и физички реакции на луѓе кои престанале да користат одредени лекови, дроги или алкохол од кои тие стануваат зависници. Симптоми како треперење, болка во дигестивниот систем, делириум тременс, страв или паника, акутна вознемиреност и ненадејни промени во расположението може да се појават кај поединци. Тежината и времетраењето на синдромот на апстиненција зависи од типот на злоупотреба на лекот или дрогата, должината на употребата, искористената количина и брзината со која лицето е лишено од него.

Фото: Принтскрин видео Телеграф.рс