Радио Милева

Лејди Гага доби тужба за плагијат на оскаровската песна „Shallow“

Лејди Гага доби тужба за плагијат на оскаровската песна „Shallow“
фото: Принтскрин/блиц

Лејди Гага постојано е во центарот на вниманието на медиумите.

Се започна со настапот на „Оскарите“, каде што Гага и Бредлиу Купер ја изведоа песната „Shallow“. Токму поради овој нивен настап започнаа шпекулациите дека наводно меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Набргу по овој настап Бредли ја раскина вреската со Ирина Шајк, а тоа уште повеќе ги зголеми гласините за парот.

Меѓутоа, деновиве Гага повторно се најде во центарот на вниманието поради тужба на оскоровската песна.

Стив Ронсен ја тужел Гага и тврди дека пејачката земала делови од неговата песна „Almost“ и ги употребила  во песната „Shallow“.

Стив поднел тужба и бара милионска оштета.

Адвокатите на пејачката оваа тужба ја нарекле “дрско однесување“ и најавиле дека ќе се борат против неа со сите расположеви средства.

Песната за која тој тврди дека е идентична со неговата се вика „Almost“ и веќе седум години се наоѓа на неговиот Sound Cloud.

Песната на Ронсен пред да ја поднесе тужбата против пејачката имала само 300 прегледи, а сега повеќе од 360.000 прегледи, од кои поголемиот дел од нив ги направиле фановите на Гага.

Останати вести од Радио Милева