Радио Милева
за своја душа...

Легната во запенето џакузи, Ирена Спасовска подготвена за лека… или бурна ноќ? (ФОТО)

Легната во запенето џакузи, Ирена Спасовска подготвена за лека… или бурна ноќ? (ФОТО)

Откако ги одработе „тезгите“ за новогодишните и божиќните празници во Хрватска и низ Македонија, Ирена Спасовска тргна да си приушти нешто и за своја душа.

Парите се за да се заработуваат, ама уште повеќе и за да се трошат, а русокосата фоклкерка кога е сопствената душа во прашање, не штеди ниту пари ниту време.

Патем, за секој свој потег, смислата ја наоѓа во некоја од народните мудрости и поговорки.

Затоа фолкерката тргна да живее во центарот на својот, а не на периферијата на туѓиот живот.

 

View this post on Instagram

 

Chaoo diete😀

A post shared by irena spasovska (@spasovska.irena) on

Откако заврши со празничните настапи, најпрвин им кажа збогум на диетите, па на менито веднаш си сервираше од бонбониери со чоколадни бомбончиња, до слатко кафенце и вкусни колачиња… Колку за иштаф!

Благото и диетата можеби не одат „рака под рака“, како што не одат заедно и со вежбањето, ама затоа како лежи масажата… До душа, лежи пејачката, додека два пара вредни раце и ги масираат нозете… За релаксација, разбивање целулит и маснотии, за „совршенство без маана“, кога веќе за Ирена нема диета и теретана.

 

View this post on Instagram

 

Kralska masaza😊

A post shared by irena spasovska (@spasovska.irena) on

А потоа Ирена си го спакува куферчето, седна во авионот и летна право за Милано.

Градот на модата, архитектурата, љубовта и романтиката…

Ирена од животното искуство добро знае каква поука да извлече, па дури и да ја сподели: „Животот е премногу краток за да бидеш со човек, кој не е луд по тебе“!

По прошетката низ Милано, уморна од долгата екскурзија по знаменитостите на големиот град, Ирена пред да легне в кревет, легна… во топлото џакузи! Така запенета, добро знае дека жуборот на топлите млазеви вода најдобро опуштаат пред спиење… Или русокосата можеби само се подготвува, за она што следува?

Што ќе да е, само Ирена знае… И секако, оној што е „луд“… по неа! Особено ако не и се придружи во џакузито на хотелската бања, откако ќе заврши со снимањето и фотографирањето!

Зашто како што самата пејачка вели: „И овој ден заврши“… Ама затоа ноќта е долга… И тукушто почнува! Епа, лека… или можеби, бурна ноќ?!

 

 

Останати вести од Радио Милева