Радио Милева

Ламбе Алабаковски стана татко – еве кое име го одбра за наследникот (фото)

Ламбе Алабаковски стана татко – еве кое име го одбра за наследникот (фото)
фото: фејсбук

Некогашниот пејач Ламбе Алабаковски иако не е активен на музичката сцена знае да биде активен на социјалните мрежи и да ги извести фановите за новите случувања во неговиот живот.

Пејачот заедно со сопругата Магдалена и синот Михаил живее во САД, а микрофонот го замени со работа како обезбедување на аеродром.

Ламбе ужива во семејните мигови и во љубовта со неговата сопруга  и синот, надвор од обврските си посветуваат време и максимално уживаат.

фото: Инстаграм

Меѓутоа, деновиве среќни вести пристигнаа во домот на пејачот, односно нивното семејство стана побагато за нов член.

Имено, Ламбе стана татко по вторпат. Тој и Магдалена станаа родители на уште еден син.

Пејачот среќните вести ги сподели на својот „Инстаграм“ профил.

„Добредојде Димитриј. Во оваа светла седмица уште една радост од Бога ја споделуваме со вас. 23.04.2020“ напиша Ламбе на социјалните мрежи.

фото: инстаграм

Под објавата се нижеа честитки и убави желби за новородениот син на пејачот.

Редакцијата на вистина.ком.мк се приклучува кон честитките, да е жив и здрав синот и секогаш да ве прави горди родители.

Останати вести од Радио Милева