Радио Милева

Кумот на Шабан Шаулиќ ги опиша последните три часа на пејачот пред сообраќајната несреќа

Кумот на Шабан Шаулиќ ги опиша последните три часа на пејачот пред сообраќајната несреќа
фото; принскрин/фејсбук

Пејачот Шабан Шаулиќ почина во недела во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Кумот на Шабан, Слободан Стојадиновиќ објасни дека пејачот чудно се однесувал пред сообраќајната несреќа и како никогаш досега брзал да се врати во Белград.

Слободан заедно со Шабан бил во автомобилот во кој почина пејачот и откри што се случило тоа кобно утро.

„Се некако беше чудно. Шабан често гледаше на часовникот. Тоа го правеше кога застана на сцената, а потоа уште неколку пати во текот на концертот. Како да брзаше некаде, како да го влечеше некоја несреќа, како да брзаше во смртта“ вели кумот на Шабан.

Стојадиновиќ истакна дека Шаулиќ бил многу нервозен и дека брзал да се врати во Белград.

„Се договоривме да одмориме еден час во хотелот, да го наместиме алармот во 6 и 15 и да тргнеме на аеродром.Кога ми звонеше алармот, Шабан веќе беше пред мојата соба и удараше во врата. Го прашав: „Што ти е, зошто брзаш? Се договоривме сега да станеме“. А тој ми одговори: „Ајде те молам, брзо. Зошто доцниш? Побрзај!“ вели Стојадиновиќ и додава;

„Никогаш порано не беше таков, имавме три часа до полетување на авионот, а тој се однесуваше како да доцниме. Набргу влеговме во автомобилот и беше многу нервозен. Дури ми се налути што не го разбудив три минути порано. Не можев да верувам што ми зборува, но го оставив, не сакав да се расправам“ вели кумот на пејачот.

Слободан исто така истакна дека Шабан забелажал дека биле лоши светлата на автомобилот.

„Се работеше на патот, па автомобилите од три ленти применуваат во една. Другиот автомобил од позади налета на нас, а Мирсад почна да кочи. Од силниот удар, гепекот ме турна напред кај Шабан кој седеше на совозачкото седиште. На Мирсад му падна сентисајзерот од кој доби тешки повреди во главата. Јас неколку пати се онесвестував и се будев.Беше страшно да гледате како докторите се обидуваат да го разбудат Мирсад.Шабан никаде не го видов. Прашав каде е, а докторите ми рекоа дека го носат во друга болница. Тогаш повторно се онесвестив“ вели Стојадиновиќ.