Радио Милева
ќе ја фати „маја“?

Кристина Димитриевска одново „несудена невеста“: Тетовската убавица во венчаница! (ФОТО)

Кристина Димитриевска одново „несудена невеста“: Тетовската убавица во венчаница! (ФОТО)
фото: инстаграм

Пред неколку години како бомба одекна веста дека Даниел Кајмакоски се жени со малкупознатата манекенка Кристина Димитриевска од Тетово и дека очекуваат бебе.

Пејачот кој победи во „Х фактор“ во тој период беше резеривран за свој приватен живот, па многумина се изненадија дека ќе заплива во брачните води со својата избраничка.

фото: инстаграм

Меѓутоа, дали воопшто имало свадба, ако и ја имало, од свадбата на Даниел и Кристина немаше никакви детали, ниту фотографии на социјалните мрежи, ниту објавија медиумите, па јавноста остана покуса за сознанието како Кристина изгледала во венчаница,  односно дали воопшто ја носела?!

По помалку од три години брак, таа и Даниел одлучија да стават крај на заедничкиот живот и секој да тргне по својот пат.

Па така, во текот на претходната година, јавноста беше повторно изненадена, па дури и шокирана  од веста дека Кајмакоски се разведува.

По разводот,  екс сопружниците наводно останале во добри односи, а Кристина неколку пати досега изјави дека со Даниел се пријатели и дека комуницираат најмногу поради нивниот син Давид.

„Ние останавме во супер односи, па понекогаш знаеме да се јавиме и да прашаме како сме, зборуваме за работа, плановите, за нашето дете и се што е поврзано околу него“ изјави Кристина неодамна за „Бекстејџ“.

фoto: Инстаграм

По разделбата со пејачот, Кристина повторно стана актуелна во медиумите и овој пат како фитнес инструкторка, модел и пејачка во „обид“.

фото: Принтскрин/инстаграм/кристинадимитри

Имено, таа сними две песни,  а русокосата тетовка тргна соло по регионалните и светските избори за мис.

Токму како модел Кристина облече бел невистински фустан, а веднаш на социјалните мрежи се пофали како изгледа во венчаница.

фото: принтскрин/инстаграм

 

фото: принтскрин/инстаграм

Дали можеби овој невистински фустан ќе и донесе повеќе среќа на Димитриевска, па можеби повторно ќе каже „ДА“ останува да видиме.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, Кристина и Даниел од бракот го имаат малиот Давид кој оваа година ќе наполни три години, а како што „несудената невеста“ објасни,  заедно ќе му го слават третиот роденден на синчето.

Останати вести од Радио Милева