Радио Милева
откри како стојат работите

Кристина Димитриевска одговори на прашањето зошто Даниел Кајмакоски не присуствувал на роденденот од наследникот: „Јас сум мајка и татко на мојот син“

Кристина Димитриевска одговори на прашањето зошто Даниел Кајмакоски не присуствувал на роденденот од наследникот: „Јас сум мајка и татко на мојот син“
фото: инстаграм/кристина димитриевска

Синот на Кристина Димитриевска кој го доби од бракот со Даниел Кајмакоски во февруари славеше роденден.

Давид наполни четири години и порасна во преслатко момче. Родеденот го прославија во еден тетовски ресторан во кругот на најблиските.

Според објавените фотографии, Даниел не присуствувал на роденденот, а малиот Давид роденденските свеќички ги дуваше со вујче.

Кристина Димитриевска го славеше роденденот на синчето кое го доби од бракот со Кајмакоски, а на местото на тато Даниел беше… (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Димитриевска во интервју за „Бекстејџ“ ја откри причината зошто Даниел не присуствувал на родеденот од синот.

фото: принтскрн/јутуб.бејстејџ

„Јас во едно интервју изјавив дека јас сум мајка и татко на мојот син, така да сите ќе разберат што сакам да кажам со таа реченица“, изјави мисицата.

Инаку, Кајмакоски ни на социјалните мрежи не упати честитка за роденденот на наследникот.

Даниел веќе некое време живее во Белград. Меѓутоа, изминатите денови тој беше во Македонија, а според објавените фотографии се прошетал во Охрид, но не откри дали се видел со синот и дали поминале заедно време.

Пејачот не се огласи по овој повод.

Останати вести од Радио Милева