Радио Милева

Кристина Димитриевска избрана меѓу 15 најубави карантин убавици во светот, а по тој повод направи впечатлива промена на имиџот (фото)

Кристина Димитриевска избрана меѓу 15 најубави карантин убавици во светот, а по тој повод направи впечатлива промена на имиџот (фото)
фото:кристина димитриевска/инстаграм

Коронавирусот стави кочница на речиси целиот свет, но кога станува збор за изборите за убавина, организаторите и убавиците ширум светот не се откажуваат од намерата да се избере најубавата и тоа на „Мис карантин на светот“.

Од пријавени 250 девојки од 50 земји, Македонија има две финалистки во 15-те најубави.

фото:мики црнокрак/фејсбук

Станува збор за Бисера Цуцулова од Скопје и Кристина Димитриевска која има големо искуство кога се изборите за убавина во прашање.

Кристина по повод изборот кој ќе се одржи онлајн во недела во 21 часот, направи впечатлива промена на имиџот, па од русокоса премина во бринета, а со промената се пофали на социјалните мрежи.

фото:кристина димитриевска/инстаграм

Инаку изборот „Мис карантин на светот“ е во организација на „Gecjan Fashion Group“ од Приштина, додека коорганизатори на овој избор е модното студио „Црнокрак “и Тугче Сарјакајн од Турција.

Инаку, Кристина последно ја освои титулата Мис Балкан, а за време на пандемијата таа е во родното Тетово каде редовно спортува во природа и го одржува телото и духот.

Останати вести од Радио Милева