Радио Милева
Мама како бел лебед

Кристина Димитриевска го славеше роденденот на синчето кое го доби од бракот со Кајмакоски, а на местото на тато Даниел беше… (фото)

Кристина Димитриевска го славеше роденденот на синчето кое го доби од бракот со Кајмакоски, а на местото на тато Даниел беше… (фото)
фото:кристина димитриевска/инстаграм принтскрин

Синчето на мисицата Кристина Димитриевска и поп пејачот Даниел Кајмакоски, Давид, наполни четири години и веќе е потпораснато момченце.

Големиот ден на малиот наследник помина магично и по желбата на славеникот, а мама Кристина се погрижи тој да биде најсреќен!

фото:кристина димитриевска/инстаграм принтскрин

Роденденот го славеа во еден тетовски ресторан, а од приложеното може да се види дека тортата е „огнена“, па очигледно малиот славеник сака пожарникари, а желбата да има таква торта му беше исполнета.

Убавата и згодна мама Кристина пак, за овој специјален повод блескаше во сиот сјај, облечена во пердувесто бело фустанче во кое изгледаше како лебед.

Следбенците покрај честитките за малиот Давид, секако не ги заобиколија и комплиментите за убавата и згодна мајка.

Што се однесува на тато Даниел, тој барем според објавените фотографии, не го видовме на роденденската прослава, но покрај славеникот беше вујче, односно братот на Кристина без кој како што пишува во објавта, свеќите не се дуваат.

Среќен роденден!

Останати вести од Радио Милева