Радио Милева

Кралицата Елизабета среќна како мало дете: Го направи недозволивото, но тоа и го исполни срцето (фото)

Кралицата Елизабета среќна како мало дете: Го направи недозволивото, но тоа и го исполни срцето (фото)
фото:вил оливер

Британската кралица Елизабета (93) ја покажа својата друга страна од онаа на која досега сме навикнале да ја гледаме.
Наместо аристократското и сериозно држење за време на фотографирање, кралицата конечно си ја исполни желбата која ја имаше со години – да се фотографира со рацете со џебовите!

Фотографијата е објавена од списанието „Hello“ по повод објавувањето на книгата од Анџела Кели, долгогодишна стилистка на кралицата, а портретот овековечен од фотографот Бери Џефри ги воодушеви обожавателите ширум светот.

На фотографијата во очите на кралицата јасно се гледа колку е среќна што конечно зазема ваква поза за фотографирање, а токму нејзината искрена насмевка ги воодушеви сите.

Кралицата Елизабета сакаше ваква фотографија уште од нејзиното крунисување, но кралицата Мајка и службениците во палатата никогаш не ја дадоа дозволата.

Анџела Кели откри детали и за поинтересните фотографии:

“Нејзиното величество позираше во различни пози – со рацете во и надвор од џебовите, па ги стави рацете на колковите и ги имитираше професионалните модели. Таа беше толку среќна и природна”, открива Кели.

Сепак, Кралскиот совет одлучил дека необичните фотографии на кралицата не се погодни за пуштање и само една е одобрена – ретка фотографија на која се гледа насмевката на кралицата од уво до уво.

Останати вести од Радио Милева