Радио Милева

„Корона стајлинг“: Вака изгледаат маските на македонските познати личности (фото)

„Корона стајлинг“: Вака изгледаат маските на македонските познати личности (фото)
фото: инстаграм

Коронавирусот или „Ковид 19“ ни стави „кочница“ на секојдневниот живот, обврски, навики, активности.

Брзината со која се шири вирусот предизвика да го ставиме секојдневието на пауза и малку да му дадеме одишка на пребрзото темпо на живеење.  Во исто време и не освести, не разбуди да ги цениме вистинските вредности, да имаме повеќе време за себе и своите најмили.

„Ковид 19“ прво се појави во Кина, а потоа многу брзо се прошири во Италија, регионот, целиот свет….и во нашата мала држава Македонија.

Секој ден расте бројот на заболени лица, а надлежните препорачуваат да се почитуваат превентивните мерки за заштита од короната.

Имено, она што е добра и позитивна страна на “чумата на 21 век“ е што може да придонесеме да престане да се шири.

Дражаваните институции и здравствените организации преземаат мерки за заштита, а едни од нив се често миење на рацете со топло вода и сапун, седење во изолација односно не треба да излегуваме од дома, а ако го правиме тоа да носиме заштита поточно маски и ракавици, друга мерка е да избегнуваме контакти со други лица…

Голем број од македонските јавни личности се придржуваат кон препораките и апелираат до граѓаните да ги почитуваат. Имено, естрадните уметници ги откажаа и своите настапи  во државата и регионот, а многумина од нив се наоѓаат во своите домови.

Тие често знаат да се јават преку социјалните мрежи и на своите фанови да покажат како го поминуваат времето, а пејачите знаат да се приклучат лајв и да поразговараат со своите фанови, да запеат и слично.

Но, кога треба да се излезе од дома и да се завршат некои обврски, познатите користат заштита односно маска и раквици

Вака изгледаа нашите јавните личности со „корона стајлинг“

Мелита Ракиќевиќ

 

фото: Инстаграм

 

Дарко Спејко

фото: инстаграм

Вера Мештеровиќ

 

фото: инстаграм

 

Димитар Атанасовски

фото: инстаграм

Елена Ристеска

 

Тамара Тодевска

фото: Инстаграм

Лила Филиповска

фото: Инстаграм