Радио Милева
префарбани...

Антониа Гиговска драстично ја промени бојата на косата – вака изгледа со новиот имиџ (фото)

Антониа Гиговска драстично ја промени бојата на косата – вака изгледа со новиот имиџ (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/анотниоагиговска

Младата македонска пејачка која стекна уште поголема популарност во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвезди“ во кое добиваше комплимети и за својот глас, но и за својот стајлинг, редовно инвестира во својот изглед и прави промени.

Така пред некое младото девојче ја промени бојата на косата и стана русокоса.

Изминатиот перидо фризерските салони и козметичките студија беа затворени поради пандемијата, па многумина од јавните личности мораа да научат дома да се фенираат, шминкаат.

Меѓутоа, кога почнаа да се отвараат и да работат под одредени правила, сите „навалија“ да закажат термин.

Повеќето од салоните излегоа со драстични промени, скратена коса, промена на боја на косата….

И Гиговска е една од оние која повторно направи храбра промена кога е во прашање нејзиниот изглед. Имено, таа повторно ја промени бојата на косата.

Овој пат таа се офарба во розово, а за тоа беше задолжен нејзиниот фризер Даниел Николовски.

„Во љубов со мојот нов изглед“, напиша таа во описот на фотографија, а под неа следеа неколку позитивни коментари.

фото: Принтскрин/инстаграм/анотниагиговска

Гиговска не чекаше многу  новиот изглед да го компленитира и со розов стајлинг под кој носеше само црн градник.

фото: Принтскрин/инстаграм/анотниагиговска

Розова коса, розови панталони, розово палто и црн градник….розово како „Пинк телевезија“ каде што Антониа се појавуваше во музичкото шоу или како Зорица Брунцлик на која розовата коса и е заштитен знак.

Но не само таа туку и нејзиното момче, пејачот на „Либеро бенд“ – Иван Јованов, исто така ја промени бојата на косата. Очигледно вљубените гулапчиња посакале да во пакет да го сменат имиџот, па ако Гиговска се престори во Зорица Брунцлик, Иван стана Анатониа. Или поточно: Русокос(а)… личност! А кога желбата за промени е заедничка, редно е истата и заеднички да се овековечи… Со селфи фотографија на „бојадисаната љубовна двојка“!

Епа, како ви се допаѓа нивниот нов имиџ?