Радио Милева

„Кому му е потешко?“: Шеф Никола покажа како изгледа кога со сопругата купуваат тави за дома (видео)

„Кому му е потешко?“: Шеф Никола покажа како изгледа кога со сопругата купуваат тави за дома (видео)
фото:никола мишковски/фејсбук

За врвното кулинарско мајсторство на шеф Никола од шоуто „Брза кујна“, би било излишно да се зборува.

Гледачите на оваа кулинарска емисија за брзо готвење, добро знаат дека Никола е маестро во својата работа кој секојдневно изненадува со својата инвентивност, брзина и снаодливост во кујната.

Многумина, особено припадничките на понежниот пол веројатно помислиле колку ли неговата сопруга има среќа со шеф во домашната кујна кој во секое време може да приготви ресторански специјалитет и тоа зачинет со љубов.

фото:никола мишковски/инстаграм

Никола не многу често на социјалните мрежи објавува детали од приватноста, но понекогаш знае да сподели некој интересен момент со сопругата или таков кој потсетува на нив, како во случајов.

Имено, тој објави видео од кое покажа како изгледа кога тој и негова Стефанија би купувале тави во продавница, а ситуацијата ја спореди со една двојка од видео кое го најде од интернет.

Додека тој би ја тестирал тавата за трикови во мешањето, таа би ја тестирала за тоа колку е издржлива рачката.

фото:никола мишковски/инстаграм

Впрочем, во ваква ситуација, кога партнерот е шеф во кујната, навистина да не знаеш кому му е потешко. На сопругата да се докаже или на сопругот пофесионалец кој работата секогаш си ја носи и дома?

Останати вести од Радио Милева