Радио Милева
Убавица и „ѕверка“

Која е најразголената невеста на саемот за венчавки: Жешка секси убавица со „челична тупаница“! (ФОТО 18+)

Која е најразголената невеста на саемот за венчавки: Жешка секси убавица со „челична тупаница“! (ФОТО 18+)

На неодамна завршениот „Саем за венчавки 2018“ меѓу морето од познати, убави и атрактивни лица кое ги носеа различните модели на венчаници се појави и таа. Иако не и е прв пат да облече венчаница како модел, таа беше една од оние кои изгледаа нажешко, најпожелно, најсекси… Некои велат – најразголената невеста на саемот за венчавки.

Фотомоделството и позирањето пред фотообјективот на оваа атрактивна скопјанка не и е непознато, зашто таа досега веќе застанала пред објективот на повеќе наши познати фотографи. Атрактивната Емилија Димитриевска покрај ова има учествувано и на повеќе ревии во земјава и регионот. Иако вели дека е нова во овој „бизнис“, од досегашниот успех е повеќе од задоволна.

Но во оваа сексапилна убавица се крие и нешто што на прв поглед некако не оди со витото тело, долгите нозе, бујните гради, извајаниот задник и убавото лице…

Имено, покрај убавината во Емилија  се крие „ѕверка“… од аголот на боксерскиот ринг!

„Боксот ми е вистинска љубов и веќе подолго време тренирам со мојот личен тренер Роберт Варга и морам да признаам дека уживам. Во минатото тренирав неколку спортови, но во овој се пронајдов најмногу. Жал ми е што во Македонија нема бокс натпревари за жени за да можам да си ги измерам силите со некоја соперничка“ – ќе изјави за Вечер, атрактивната Емилија – жешката секси убавица со „челична тупаница“!

Доколку ја сретнете, секогаш имајте на ум дека убавината и сексапилот и се од Бога дадени, ама силата Бога не моли, па затоа внимавајте… да не ја поминете „црвената линија“!

Во меѓувреме, уживајте во изборот на овој фото омаж од нејзините жешки фотосесии!