Радио Милева
скромна и ненаметлива

Која е Јелена Ѓоковиќ: Пред Новак живеела во студентски дом и изгледала сосема поинаку

Која е Јелена Ѓоковиќ: Пред Новак живеела во студентски дом и изгледала сосема поинаку

Тогаш Јелена Ристиќ, сега Ѓоковиќ, била студент по економија и финансии на италијанскиот факултет “Бокони” во Милано. Само една година на овој факултет чини околу 5.000 евра, но Јелена, како и повеќето српски државјани што студираат во “Бокони”, добива стипендија од овој факултет.

Таа ги минува своите денови во Милано како повеќето од нејзините ученици таму. Живеела во студентски дом, со неколку цимерки. Поради многу одговорности на универзитетот, Јелена не го следела Новак на турнирите, но ги гледала сите негови мечеви преку телевизиските екрани.

Двојката се сретнала во 2005 година преку нивнен заеднички пријатели, додека Ноле сè уште не беше толку популарен. Тенисерот за првпат ја претстави својата девојка Јелена на јавноста на турнирот во Амерсфорт во јули 2006 година. Тие често го посетувала Монте Карло во кое денес живее семејството Ѓоковиќ.

Јелена некогаш била скромна девојка, што може и да се види на сликите кои се своевремено објавени во списанието “Пулс” од 2008 година. Ненаметлива облека, сосема природна коса, и насмевка – тоа всушност беше и нејзиното главно оружје.

Јелена Ѓоковиќ денес е сопруга на еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ, мајка на малиот Стефан и девојчето Тара. Денес таа е успешна бизнисменка,  сопруга која  ги следи сите негови турнири, а нејзиното име е синоним за едноставност и елеганција.