Радио Милева
„М“ - малер

Кој „му го смести“ на Игор Џамбазов: Мицковски, Заев или… Марфи се јави – вистина се јави? (ФОТО)

Кој „му го смести“ на Игор Џамбазов: Мицковски, Заев или… Марфи се јави – вистина се јави? (ФОТО)

Се сеќавате на „Бушавата азбука“, нели? Како беше она: „М“ – малер! Епа тој е… Игор Џамбазов! Таман после долго време одново му тргна во љубовта, кога ете ти белја. Се договараа, се договараа, и на крај најдоа баш на 15 јули да договорат избори двета најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?!

И што да прави сега нашиот „гол човек“? Му ги урнаа сите сништа, сите надежи и желби најубавиот ден во животот, „денот што го чека(ме) цела година“, после долги години да си го помине најубаво, најсреќно, најрадосно и највесело.

Имено, токму на 15-ти јули, на денот на закажаните избори на Игор Џамбазов му е роденден. И сега човекот е во недоумица, го ставија пред тешка дилема: Дали на 15-јули, да се врати во Скопје, па онака, гордо и достоинствено да си појде на гласање и фер и демократски да си го заокружи посакуваниот број, личност и партија на гласачкото ливче, се разбири според предвидениот здравствен протокол… Или да си остане „дома“, во Дојран, па среде летната идила во таа езерска милина да си го прослави роденденот со својата сакана, новата љубов, Илина?

„Роденденска торта или гласачко ливче?“ – прашање е сега, нешто што Џамбаз ќе мора да избере, за што ќе мора да се реши! Или подобро речено, прашање е… Кој „му го смести“ на Игор Џамбазов: Мицковски, Заев или…

„Марфи се јави – вистина се јави?“ – Како што напишал самиот на Инстаграм, по сознанието дека датумите за гараѓанска должност и роденденска радост  – му се поклопуваат!

„Изборите закажани за 15-ти јули, мојот роденден. Еј животе, цигаро недогасена…“ – објавил Џамбазов, што значи дека на тој датум некој ќе мора „да го испуши“!  Роденденот или гласањето?

А можеби и не мора. Впрочем и самите партии најавија дека заради корона епидемијата, гласање ќе има и ден или два порано и тоа од дома или од таму кај што си се затекнал… За одредени категории на граѓани, се разбира, меѓу кои и хронично болните…

Само прашање е дали „М“ – малер(от) го сметаат за… „хронична болест“?

Останати вести од Радио Милева