Радио Милева

Кој илегално ќе ја данлодира „Игра на тронови“ оди во затвор: Последната сезона прави хаос ширум светот

Кој илегално ќе ја данлодира „Игра на тронови“ оди во затвор: Последната сезона прави хаос ширум светот
фото:© 2017 HOME BOX OFFICE, INC. ALL RIGHTS RESERVED. / PROMO

Информации за серијата „Игра на тронови“ постојано пристигнуваат до јавноста, а најавена е најголемата битка со историјата на телевизијата, која е снимана 55 дена. Првата епизода од осмата сезона деновиве беше премиерно прикажана, а за истата и тоа како се зборува.

Фановите на „Игра на тронови“ се во страв поради илегалното преземање преку интернет, бидејќи не можат да одолеат. Последната епизода од финалната сезона повеќе од милион Австралијанци ја погледнале преку пиратски сервиси, пишува „Дејли мејл“.

Тамошните власти одлучиле да го решат проблемот, па го прошириле законот. Новиот антипиратски закон стапи на сила кон крајот на 2017 година, а по истиот илегалното данлодирање на сериите и филмовите паднала од 29 на 19 проценти, додека на оние со најмногу прекршоци им следува затвор.

фото:промо

За достојно да се опростат од серијата, продуцентите добија најмногу заработка до сега. Во првата сезона една епизода чинела околу шест милиони долари, следната беше поскапа за еден милион по епизода, за во шестата сезона буџетот по епизода да изнесува неверојатни 10 милиони долари.

Сега, за последните шест епизоди, HBO подготви дури 15 милиони долари по епизода, пренесуваат странските медиуми.