Радио Милева
естрадна преквалификација?

Кога веќе не им преостана каде да пеат, им останува само „да се сликаат“: Од пејачки – манекенки, модели, инфлуенсерки, блогерки… до меанџии и психолози!

Кога веќе не им преостана каде да пеат, им останува само „да се сликаат“: Од пејачки – манекенки, модели, инфлуенсерки, блогерки… до меанџии и психолози!

Корона пандемијата комплетно го запре светот, а во него и нас. Се’ се сврте наопаку, некогаш ненормалното го прогласија за „ново нормално“, останатото, се закочи, бликираше, запре… Живееме во бунило, по инерција, во страв од новата стварност, во безнадежно исчекување што ќе биде утре, без никој да знае да ни одговори на клучното прашање: До кога вака? И дали отсега ќе биде вака – за навека?

Новата заразна чума на 21-от век уништува се’ пред себе. Коси животи, го загрозува здравјето, уништува семејства, гаси професии… Комплетно лудило, во кое кој не полуди – не е нормален! Едни од најпогодените професии покрај угостителите и туристичките работници, секако се и естрадните уметници! Естрадата е речиси мртва, особено домашната, која по ова слободно можеме „да го прогласиме за умрено“, што би рекол екс-реисот.

Оние кои живееа од неа, од музика, свирка и песна се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Некои од нив веќе имаа и паралелни професии, други се обидуваат тоа да го сторат во моментов активирајќи ги, трети набрзина се преквалификуваат во она што прво ќе им падне под рака.

Се’ на се’, на пејач(к)ите од комплетниот шоу-бизнис и живеачката од него, сега им остана само „микрофонот в рака“! Исклучен, се разбира. За да си го држат и чуваат како сувенир, за спомен и долго сеќавање на „златните времиња“ или како капитален влог за иднината која престои, а таа ниту оддалеку не е блескава!  До тогаш треба да од нешто да се живее и преживее, па своите алтернативни способности и предиспозиции, вештини и умеења, пејачите и пејачките ги вклучија на најјако.

Еве како се снаоѓа и што прави, од што живее додека не пее, дел од македонската естрада. Кога веќе не им преостана каде да пеат, им останува само „да се сликаат“. Од пејачи и пејачки станаа манекенки, модели, инфлуенсерки, блогерки… па се’ до меанџии и психолози!

Социјалните мрежи кои ионака ги користеа за маркетинг на сопствените остварување, на дел од пејачите и пејачите сега им стана алтернативно орудие за преживувачка. Преку инфлуенсерство се разбира. Дел од нив своите атрибути и убавина ги искористија како модели…

Како сексапилната фолкерката Татијана Стефановска на пример, која не пропушта на себе да ги рекламира новите модни парчиња на разни македонски бутици и по некое мејкап студио, па сцената ја замени со огледалото и гардеробата.

Слично на неа и колешката Елена Велевска… Само наместо гардероба и бутици, атрактивната пејачка рекламира накит од домашна рачна изработка. За бисерно грло, ѓердан или нишка бисери на него. Или како што вели самта Елена: „Накит кој ветува љубов со секоја жена“… Особено со вакви како неа, таа љубов мора да е силна… И веројатно добро валоризирана!

Ништо поразлично од фолкерките, не е и кај нивните колешки од поп естрадата.

Така, Антониа Гиговска на пример, своите инфлуенсерски способности и квалитети последно ги огледа во спортски маркетинг или поточно рекламирање на спортска опрема, облека или обувки.

Можеби е  спречена да згазне на сцената, ама затоа пејачката цврсто гази на социјалните мрежи, најмногу на својот Инстаграм со добри рекламни фотки… Веруваме и доволно добро платени!

Нејзината поискусна и попозната колешка Тамара Тодевска, освен тетовирањето на кое заработува симпати, лајкови и коментари кај народот и особено кај своите обожаватали и следбеници, последно нешто на што ќарува е и тапирањето, фенирањето, чешлањето… што ли ќе да е веќе и не само тоа.

Зашто таму каде што рекламира дека има попуст, се нудат  уште многу други фризерско – козметички услуги и третмани.

Дека не само дамите туку и естрадните ѕвезди од посилниот пол не се имуни на она што го прават нивните колешки во неможност да настапуваат, жив доказ е и најголемата и најпопуларна, македонска, машка поп ѕвезда, Влатко Лозаноски.

Популарниот Лозано, освен што подготува документарно-филмско изненадување за своите обожаватели кое е во најава, кафето го пие заради повеќекратно задоволство. И утринското и попладневното од иста шолја и истиот бренд, кој за добар хонорар сега му е „најдобар френд“ за топла дружба… Која белким ќе потрае… со километри!

Има и такви кои и пред Ковид 19 имаа паралелнио професии, па ако нема живечка од песна, има од местото каде таа најчесто се слуша во живо – кафеаната. Така барем сметаше познатиот „скопски боем“, музичарот и меанџија Трајче Толевски. Арно ама… 21.00 часот владата го прогласи време за фајронт, а тоа е премалку за добра живеачка, па Трајче ќе мора да се ослони на своето „деливери“ мени и услуга.

Ако не друго, ќе им носи на колегите, а и колешките ќе ги пошетеди од готевење!

Кумановката Тања Јовановска -Трајкова веќе објавивме дека ја „активираше“ дипломата, па од естрадната сцена се пресели во психолошко советувалиште, а естрадата го доби својот психолог… Како и оди новата работа и дали меѓу пациентите се појавил некој од колегите, згодната фолкерка, пардон – психолог, засега не се огласила. И веројатно нема, зашто во нејзината нова професија – дискрецијата е загарантирана! Какви се времињата, веројатно и  „клинтелата“!

Но, дека на естрадата не оди баш се’ „во обратен правец“ и има и по некој исклучок покажува примерот на нејзиниот сограѓанин, кумановецот Дарко-Спејко. „Големиот брат“ професијата модел, моден блогер и инфлуенсер реши да ја замени со онаа естрадната… Пејач, рапер, трапер… што ли веќе. И тоа кога сите бегаат од естрадата.

Не дека нема претходно искуство појавувајќи се и во видеата и на сцената заедно со неговите музички пријатели Тајзи или Раста, ама сепак ова е нешто друго… Овде е соло! Впрочем исклучок секогаш мора да постои… Ако не за друго, колку за да го потврди правилото… и одговори на прашањето: „Дали и колку нашите уметници ќе (о)станат (е)страдни?

 

 

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева