Радио Милева

„Кога утрото ќе ти започне со вистинска љубов“: По бурата од разводот Елена Велевска покажа како ужива (фото)

„Кога утрото ќе ти започне со вистинска љубов“: По бурата од разводот Елена Велевска покажа како ужива (фото)

Пред одреден период во медиумите како бомба одекна веста дека македонската фолкерка Елена Велевска се разведува од својот сопруг Марјан.

Пејачката на својот Фесјбук потврди дека ставила крај на бракот поради семејното насилство и одлучи да не зборува повеќе за својот приватен живот.

Велевска често е активна на социјалните мрежи, па често знае да сподели фотографии од своите активности.

Иако за многумина од нас летото и летните одмори веќе завршија, за македонската фолкерка дефинитивно летото се уште трае.

Некои личности знаат да го искористат септември за полнење на батериите и да заминат на одмор кога на плажите е намален бројот на посетители.

Велевска на својот „Инстаграм“ сподели фотографија во жолто бикини од плажа во Грција и го покажа своето згодно тело.

Друштво и прави нејзинта ќерка, а фолкерката сподели заедничка фотографија и напиша: Кога утрото ќе ти започне со вистинска љубвв.

фото: принтскрин