Радио Милева
Ех, да сум бостан...

Кога Љупка Митрова ќе ти пушти јазик и во танга бикини ќе ти сврти задник, ти доаѓа да и го… сликаш… за реклама! (ФОТО+ВИДЕО)

Кога Љупка Митрова ќе ти пушти јазик и во танга бикини ќе ти сврти задник, ти доаѓа да и го… сликаш… за реклама! (ФОТО+ВИДЕО)

Кога си ќерка на богат струмички бизнисмен, а патем и кумашника на премиерот, се’ е многу полесно.  Сепак, најпознатата македонска модна блогерка самата се избори за својата медиумска популарност, а со својот телесен раскош и за рекламирање на разни брендови, особено облека.

Така, Љупка Митрова покрај уживањето на грчките плажи на отворањето на летната сезона, времето го трошеше и за нешто да сработи. Се разбира, од она што најмногу и лежи.

Последната фотосесија и кусиот рекламен видеоедиторијал за костими за капење за оваа сезона на еден италијански бренд, Љупка ја прикажа во полно светло. Иако нејзините телесни атрибути не ни се непознати, овој пат сексапилната струмичанка се чини се надмина себе си.

Секој кадар од рекламното видео изобилува со сексапил. Она што Бог и го дал, Љупка знае како да го носи, а уште повеќе како да го искористи и понуди… за реклама! Особено моделот кој го избрале да го облече…

Мини бикини во црна боја, од кое горниот дел едвај ги покрива градите на блогерката, а долниот дел го истакнува сиот нејзин телесен раскош.

 

View this post on Instagram

 

@saltmilano

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on

Особено кога моделот ќе се сврти одзади, каде длабоко врежаната црна танга ги портенцира нејзините најистакнати облини. Со секое свое движење, со секој чекор и потег, раскошната струмичанка просто се расфрла со својот сексапил, будејќи, желби, копнежи, страсти… што како надојдена бујица се зголемуваат со секоја нејзина нова поза.

Од чинот на соблекување на фармерките, до моментот кога ќе го исплази јазичето, лижејќи ја распуканата сочна лубеница…

А, кога Љупка Митрова ќе (ти) пушти јазик и во танга бикини ќе ти сврти задник, веднаш ти доаѓа да и го… Сликаш! За реклама!

Ех да сум злато, на гради да ти заспивам…“ – пееше некогаш нашиот Тоше. Кога веќе нема кој да ја подели лубеницата со убавицата, гледајќи ги кадрите на ова рекламно видео на Љупка Митрова, многумина од машката популација би посакале да бидат не злато, туку… обран бостан!

Погледнете и зошто:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SALT Swimwear Milano (@saltmilano) on